Македонските тркачи Игор Стефановски-Иџе и Виктор Давидовски немаа најдобар викенд на ТЦР Европа шампионатот на славната патека во Ла Кастеле, Франција, позната под името „Пол Рикар“.
Иџе посебно помина лошо, откако во втората трка во обид да помине возач пред него, го „здроби“ своето „Хјундаи“.
Душан Борковиќ стигна до убедлива двојна победа во Франција, за да стане убедлив лидер во генерален пласман, додека Стефановски во саботата ги освои првите поени по седмото место.
ТЦР шампионатот продолжува во Цандворт, Холандија за две недели.