Top Sport

Соуса и Даниел со многу посебни титули пред Ролан Гарос

Жоао Соуса беше подобар од новата американска тениска надеж, Френсис Тиафоу зо 6:4/6:4 во финалето на Есторил опен за првпат во историјата на турнирот на земја домашен тенисер да го крене трофејот.

29-годишниот Португалец имаше четири аса и направи четири брејка за да стигне до својата трета АТП титула во кариерата, но прва од 2015 година. 20-годишниот Тиафоу одеше на втора титула во кариерата, откако во февруари триумфираше на Делреј Бич опен.


Во Истанбул пак, трофејот го крена 114-рангираниот тенисер на светот, Јапонецот Таро Даниел, откако со 7:6(4)/6:4 го совлада Тунижанецот Малек Џазири. Ова е прва титула во кариерата на Даниел.

34-годишниот Џазири пропушти три брејк топки во 10-тиот гем, но на крајот го освои за 5:4 водство, пред 25-годишниопт Даниел да се врати во игра и да го добие тај-брејкот. Во вториот сет, Јапонецот направи два брејка  за да ја осигура победата. 34-годишниот Џазири се обидуваше да стане првиот Арап од 2002 (Јунес Ел Ајнауи) со АТП титула.

Фото: ЕПА

Scroll to Top