Top Sport

Лосон „Ин“, Перез „Аут“

Серхио Чеко Перез се ближи кон крајот на кариераа во Формула 1. Кристијан Хорнер шефот на Ред Бул донел одлука да го замени Мексиканецот со друг возач.

Перез зад себе има исклучително лоша сезона, во првите пет трки четири пати беше на подиумот, но од трката во Имола па до последната во Абу Даби освои само 49 поени. Тој е виновникот што Ред Бул на Мекларен им ја препушти конструкторската титула.

Перез во Формула 1 влезе преку Заубер, а во Ред Бул се пресели десет години подцна откако имаше неколку добри сезони во болидот на Форс Индија.

Минатата недела, Хорнер, најави дека доколку тимот реши да му врачи отказ на Перез, дека неговата замена ќе дојде од сестринскиот тим РБ. Се препоставуваше дека тоа ќе биде Јуки Цунода, но Ред Бул решиле партнер на Макс ферстапен да му биде возачот од Нов Зеланд, Лијам Лосон.

Иако Лосон возеше наместо Дани Рикиардо само во финишот на сезоната, тој очигледно успеа да ги импресионира челниците на Ред Бул кои го избраа него пред Цунода.

Scroll to Top