Новиот возач на РБ, Лиам Лосон, ќе ја започне својата „вистинска“ кариера во Формула 1, викендов во Остин, Тексас, но веќе е оптоварен со казна.
Оваа информација ја потврди шефот на тимот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, кој рече дека болидот на Лосон ќе добие нова погонска единица.
Да потсетиме, Лосон по трката во Сингапур официјално го замени Даниел Рикардо во тимот на РБ и стана нов тимски колега на Јапонецот Јуки Цунода. Станува збор за возач кој минатата сезона прикажа одлични перформанси во истиот тим тогаш познат како Алфа Таури, кога го замени повредениот Рикардо.
Со оглед на тоа дека го наследи автомобилот на Рикардо, Новозеланѓанецот ја „наследи“ и ситуацијата поврзана со компонентите, па поради промената на моторот ќе се соочи со казна. Лосон ќе биде вратен назад неколку позиции на стартот на трката во спринт. Казната нема да важи за главната трка во недела.
Акцијата во Остин започнува во петок со слободни тренинзи и квалификациите за спринт трката. Спринтот и квалификациите за Големата награда на САД се во сабота, додека во недела главната трка ќе започне во 21:00 часот по македонско време.