Италијанскиот мотоциклист, Романо Фенати, ќе им се врати на трките откако му истече суспензијата. Светот со Фенсти се запозна, кога тој во текот на трката ја повлече кочницата на мотоциклот на неговиот противник.
На трката за Големата награда на Сан Марино, Фенати, на својот соперник Стефано Манци, при брзина од 150 километри на час му ја повлече кочницата. Овој луд потег на Фенати, за среќа, мина без последици по Манци.
Фенати по инцидентот се извини, но доби отказ од тимот „Маринели“, а Меѓународната мото федерација (ФИМ) му ја одзеде лиценцата до 2019 година.
Најновите информации говорат дека Фенати повторно ќе им се врти на трките и тоа како возач на „Маринели“, но сега во Мото 3 шампионатот.