Top Sport

„Лудиот“ Макс Ферстапен: Не можeв да возам како некоја баба

Победникот на јубилејното ГП на 70-годишнината на Формула 1 на патеката Силверстоун, Макс Ферстапен вели дека не ги послушал советите на својот тим да успори и им порачал дека „нема да вози како баба“.

22-годишниот Ферстапен ја прекина доминацијата на Мерцедес и нивните четири победи во низа, за да се пробие на второто место во генерален пласман со 30 поени зад шампионот Луис Хамилтон. Во Силверстоун, на стартот на трката, откако беше на третото место зад двата Мерцедеси тој доби совет од својот инженер за трки, Џанпјеро Ламбијасе да внимава на своите гуми.

„Другар, ова е единствена шанса да бидам блиску до Мерцедес. Нема да седам зад нив како некоја баба“, порача Ферстапен.

По трката и победата, Ферстапен пак, вели дека неговата баба била „многу брза во обичен автомобил“.

„Не сакав да седам позади, како во претходните трки. Имав шанса да направам притисок и го сакам тоа. Понекогаш таков потег е како самоубиство, бидејќи ги трошиш експресно гумите, но денеска мислев дека нема да биде така и бев во право“, вели Ферстапен.

Scroll to Top