Top Sport

Реал ги даваат Крос или Иско за да го добијат Дибала

Реал Мадрид ќе му ги понудат на Јувентус, Тони Крос или Иско за да го добијат Пауло Дибала, тврди италијанскиот „Спорт медијасет“.

Шпанскиот шампион ќе направи комбинирана понуда од над 100 милиони евра за да го добие Аргентинецот, кој минатото лето беше пред заминување од Торино, пред да има клучна улога во сезоната во која ја освоија титулата од Серија А, и покрај тоа што неколку пати беше позитивен на корона вирусот.

Сепак, се верува дека новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло планира на Дибала при изградбата на новиот тим, иако многу работи ќе зависат и од тоа дали Кристијано Роналдо ќе побара да замине од Торино.

Scroll to Top