Top Sport

Луис Хамилтон одбил улога во новиот „Топ Ган“

Напорниот животен стил на еден Формула 1 возач го спречило петкратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон да одбие улога во продолжението на „Топ Ган“, но Британецот вели дека не се откажува од својата амбиција да биде поприсутен во Холивуд.

Хамилтон, кој овој викенд може да ја запечати својата шеста светска титула, во последните години имаше мали улоги во анимираниот филм „Карс“ и во „Зулендер 2“, но улогата во „Топ Ган: Маверик“ ќе беше неговата хнајголема улога.

„Се обидував да влезам во филмот бидејќи сум голем фан на првиот филм, но немав време да одам на снимање. Во моментов дефинитивно немам време за снимање филмови. Ќе треба да ја посветам цела зима и нема да можам да имам слободно време. На крајот на годината сакам да се опуштам, а има и други работи кои сакам да ги правам, да бидам дизајнер на облека, да работам на музиката“, вели Хамилтон.

Scroll to Top