Top Sport

Луис Хамилтон: Секако, јас сум Британец

Луис Хамилтон застана во одбрана на своето чувство како Британец, откако во текот на годините многумина го критикуваа петкратниот светски шампион за неговата посветеност кон татковината, бидејќи живее во Монако и неколку пати користеше офшор компании да заштеди на данок кон државата.

Хамилтон беше запрашан зошто луѓето честопати се сомневаат во неговата посветеност кон Британија.

„Се сеќавам кога раснев и го гледав Џенсон Батон и другите млади возачи, кои сите нормално живееја во Монако, но тогаш тоа не беше проблем. Но, кога јас го направив тоа, веднаш стана проблем“, вели 34-годишниот Хамилтон.

Возачот на Мерцедес честопати патува во САД и има „зимски дом“ во Колорадо, но посочува дека неговите родители живеат во Британија иако потеклото преку дедеото на таткото е од Гранада, остров на Карибите.

„Чувството е во срцето. И секако, јас сум целосно британски. Луѓето имаат право на свое мислење, но ако погледнете во Силверстоун има многу мои капчиња. Поддршката која ја добивам е фантастична и расте со секоја година. На секоја трка го кревам британското знаме гордо. Никој не го кревал толку високо, но во моментов тоа не е доволно“, додава Хамилтон.

Scroll to Top