Top Sport

Како се крши велосипед од 10 илјади евра! (видео)

Саботната етапа на Тур де Франс беше одбележана со падот на актуелниот шампион Герант Томас, кој сепак успеа да не загуби многу време во хаосот во кој велосипедот на неговиот клупски колега од Тим Инеос беше „расцепен“ на половина.

33-годишниот Велшанец се судри со Мајкл Вудс (ЕФ Едукејшн) на една десна кривина на 15 километри пред крајот, но се врати на велосипедот и со помош на колегите успеа да заврши во главната група.

Меѓутоа, неговиот колега, Џани Москрон немаше толку среќа, откако беше фотографиран како стои покрај својот „Пинарело Догма Ф12“ велосипед, кој вреди минимум 10.000 евра.

Томас сега заостанува 1:12 зад лидерот на трката Жулиен Алафилип, но уште поважно 19 секунди зад Тибо Пино, еден од фаворитите за победа во генерален пласман.

Scroll to Top