Top Sport

Магнусен: Алонсо е љубоморен на брзината на Хас

Кевин Магнусен вели дека коментарот на Фернандо Алонсо дека болидот на Хас е „копија на минатогодишното Ферари“, само покажува дека возачот на Мекларен е љубоморен од брзината на еден од најмалите тимови во Ф1.

Алонсо тврди дека техничкото партнерство на Хас со Ферари е единствената причина зошто тимот е толку напред – Магнусен ќе стартува шести, неговиот колега Роман Грожан како шести, додека Алонсо беше само 11. На квалификациите.

„Тој се лути бидејќи ние сме напред. Зошто? Бев во Мекларен и се тркав за тој тим и ја знам инфаструктурата. Мора да те лути многу кога еден мал тим како Хас доаѓа и те победува со четврти најдобар болид во Ф1. Љубоморен е“, вели Магнусен.

Грожан признава дека техничкото партнерство со Ферари помага, но вели дека коментарот на Алонсо не е фер.

„Користиме ист менувач, иста суспензија, и поради тоа во болидот има сличности. Но, болидот само го градиме – да бевме ’Ферари Б’ ќе бевме веднаш зад нив. Не е вистина тоа што го кажува Алонсо и не е убаво кон сите луѓе кои работат во Хас“, вели Грожан.

Фото: ЕПА

Алонсо: Хас имаат ланска „копија“ на Ферари

Scroll to Top