Возачот на Хас, Кевин Магнусен стигна до сензационална пол-позиција на Бразилското ГП на патеката Интерлагос покрај Сао Пауло, откако излетувањето на Џорџ Расел во Мерцедес во третата квалификациска сесија, како и дождот кој потоа падна на патеката дозволи Данецот утре да стартува како прв на спринт-трката.
Покрај него на второто место ќе стартува светскиот шампион Макс Ферстапен, додека во вториот ред ќе бидат Расел и неговиот британски сонародник, Лендо Норис во Мекларен (и покрај труењето со храна). Во топ 10 следуваат Карлос Саинс (Ферари), Есетбан Окон (Алпин), Фернандо Алонсо (Алпин), Луис Хамилтон (Мерцедес), Серхио Перез (Ред бул) и Шарл Леклер (Ферари).
Бидејќи утре на програмата е спринт-трката, денеска на Интерлагос се возеа квалификациите, а на неделната „главна“ трка ќе се вози во распоред во кој ќе биде завршена утрешната трка.