Top Sport

Мајкл Маси останува важен човек во ФИА и покрај скандалот во Абу Даби

Претседателот на Светската автомобилистичка федерација (ФИА), Мохамед Бен Сулајем потврди дека поранешниот директор на трки на Ф1, Мајкл Маси останува „важен човек“ во федерацијата и за него ќе има нова улога и покрај тоа што беше сменет по случувањата на последната трка од минатата сезона во Абу Даби.

Извештајот на ФИА утврди дека одлуката да се дозволи претекнување на болиди зад безбедносното возило на трката во Абу Даби, по која Макс Ферстапен го совлада Луис Хамилтон за титулата, била „човечка грешка“ на Маси, но тоа не значи дека тој е исфрлен од федерацијата.

„Сакавме да го тргнеме притисокот и стресот од него, бидејќи навистина помина низ многу работи. Благодарни сме на тоа што тој три години работеше на таа тешка позиција, и сега преговараме со него да остане во ФИА. Тој е важен човек за нашата федерација, и сега му бараме, не би кажал нова работа, туку ново место за него во ФИА“, изјави Бен Сулајем.

Маси беше под постојан притисок на шефовите на двата ривали за титулата, Тото Волф од Мерцедес и Кристијан Хорнер од Ред бул, откако и двајцата го обвинуваа за пристрасност.

Scroll to Top