Top Sport

Макс Ферстапен најбрз низ улиците на Баку, Перез се погрижи за двојна победа за Ред Бул

Макс Ферстапен е победник на трката за Големата награда на Азербејџан што се одржа низ улиците на Баку. Тоа е петта победа за Холанѓанецот оваа сезона, вкупно 25. во кариерата.

Тимот на Ред Бул стигна до „еден – два“ победа на брегот на Каспиското море, откако Серхио Перез го освои второто место во Баку, а го имаше и најбрзиот круг.

Третата позиција му припадна на Џорџ Расел со Мерцедес, а трката не ја заврши Шарл Леклер. Дебаклот на Ферари го надополни и Карлос Сајнц.

Тимскиот колега на Расел од Мерцедес, Луис Хамилтон, заврши како четврти, иако на средината од трката се пожали на силни болки во грбот предизвикани од скокот „W13“ на патеката во Баку.

Пјер Гасли и Себастијан Фетел завршија на петтото и шестото место во Азербејџан, а бодови освоија и Фернандо Алонсо, Даниел Рикардо, Ландо Норис и Естебан Окон.

Scroll to Top