Top Sport

(Видео) Макс Ферстапен под лажно име тестирал „Ferarri GT3“

Минатиот петок, Франц Херман предизвика метеж на познатата патека Нирбургринг.

Под ова име тест возења на патеката имал четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен.

Славниот Холанѓанец го тестирал автомобилот „Ferrari GT3“ во Германија. Според присутните, Макс го надминал моменталниот рекорд на патеката за две секунди.

Оваа вест подоцна ја потврди Хелмут Марко, советник и „сива еминенција“ во Ред Бул.

„ГТ е големата љубов на Макс, тој има и свој тим. Ми кажа дека го срушил рекордот по само три круга. Тој точно го знае секој круг и сподели повеќе детали отколку кога вози трка од Формула 1“, рече Марко.

Ферстапен се враќа на својата вистинска работа веќе овој викенд. Од петок, тој ќе учествува на Големата награда на Емилио Ромања во Имола.

Scroll to Top