Top Sport

Макс Ферстапен, сепак, е Формула 1 шампион

Макс Ферстапен втора година по ред е светски првак во Формула 1. И покрај скратената трка на Сузука во Јапонија, и првичната најава дека нема целосни бодови за триумфот, Холанѓанецот на четири трки пред крајот е прогласен за нов шампион.

Поради скратената трка настана голема забуна околу тоа колку поени треба да му бидат доделени на Ферстапен за неговата победа. Првично се мислеше дека бидејќи тој заврши само 28 од 53 предвидени круга, тој треба да добие само 19 поени.

Сепак, збунувачките правила на ФИА значеа дека на возачот на Ред Бул му беа доделени целосни 25 поени бидејќи трката не заврши со црвено знаме.

За шампионската титула помогна и казната за Леклер, по што Серхио Перез го освои второто место на ГН на Јапонија.

Scroll to Top