Top Sport

Макс Ферстапен си формираше тркачки тим со помош на Ред бул

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен со целосна подршка на неговиот тим Ред бул, формираше нов тркачки тим под името „Verstappen.com Racing“, кој ќе се натпреварува и во вистински трки и во виртуелни натпреварувања.

Неговиот татко, Јос Ферстапен ќе се натпреварува под овој тим на Белгискиот рели шампионат оваа сезона, додека младиот Холанѓанец Тјери Вермејлен ќе настапува за тимот во АДАЦ ГТ шампионатот. Во виртуелниот свет, „Тим Редлајн“ ќе биде претставник на Ферстапен. Со овој тим Ферстапен веќе се натпреваруваше на „Виртуелната трка 24 часа Ле Ман“.

„Тркањето секогаш била мојата најголема страст во животот, од моментот кога првпат седнав во картинг до денеска. Покрај мојата Ф1 кариера, најмногу време во мојот живот посветувам на тркањето и пресреќен сум што ќе можам да го споделам ова со тимови и возачи со кои сум поврзан. Се надевам дека ќе им помогнам во кариерата. Ова ќе биде дел од семејството на Ред бул, кои остануваат мои најголеми поддржувачи“, објави Ферстапен.

Scroll to Top