Top Sport

Ансу Фати едвај чека да се приклучи на „револуцијата“ на Чави

Новата „десетка“ на Барселона, Ансу Фати вели дека едвај чека да се врати во составот под новиот тренер Чави Ернандез, кој донел „поинаков ментален склоп“ во тимот.

Блауграна уживаат во фантастичен пресврт на формата под Чави по отказот за Роналд Куман, и тинејџерот Фати, кој се мачи со повредите оваа сезона, вели дека ќе му одговара новиот стил на игра под Чави.

„Едвај чекам бидејќи тимот е многу подобрен. Играат многу добро и се надевам дека наскоро ќе можам и јас да помогнам. Промената на тренерот беше навистина добра за нас, фубалерите покажаа поинаков ментален склоп и со напорна работа ќе можат да се видат резултатите“, вели Фати.

Под Чави, Барселона загуби само четири натпревари, и се крена на второто место во Ла лига, и останува во борба за титулата во Европа лигата.

Scroll to Top