Top Sport

„Макс не ме пушти да поминам, ја задржа агресивноста, поради тоа се удривме“

Луис Хамилтон се огласи со подолга изјава по контроверзната победа на трката за Големата награда на Велика Британија. Хамилтон, во вториот круг, се судри со Макс Ферстапен. Холанѓанецот заврши надвор од патеката, а Хамилтон на крајот победи и покрај казната од 10 секунди.

Седумкратниот светски првак, верува дека и покрај инцидентот, тој и Ферстапен можат да продолжат да се тркаа и меѓусебно да се почитуваат.

„Сакам да мислам дека од вакви искуства треба да учиме и да растеме како луѓе. Ретко постои инцидент во кој 100 отсто е виновен само еден, секогаш се работи за некаква комбинација, бидејќи се вмешани двајца или повеќе луѓе. Двајцата одо ова можеме да научиме“, рекол Хамилтон и дополнил.

„Од искуство ќе кажам дека Макс е еден од најагресивните возачи. Одлично си ја работи својата работа, но мислам дека на патеката треба да најдеме рамнотежа, да им простор и почитување помеѓу возачите, за да можеме без страв да се тркаме.“

Британецот не мисли дека неговата трка со Ферстапен на Силверстон е поинаква од претходните неколку ситуации. Тврди дека во минатото имало ситуации кога се повлекувал за да избегне удар.

„Мислам дека битката беше нормална. Кога бев помлад и јас бев агресивен. Можеби не толку колку што е Макс, но без агресивен. Сега сум постар и знам дека во прашање е маратон, а не спринт, на тој начин им пристапувам на трките“, истакнал 36-годишниот Хамилтон.

„Мислам дека тој оваа година е многу агресивен. Во неколку случаи морав да се повлечам за да избегнам инцидент, за да можам да се порам подоцна во текот на трката. Можевте да видите, во саботата, кога имаат чиста патека тие се премногу брзи. Поради тоа морам да се обидам да ја искористам шансата кога таа ќе се понуди. Тоа и го правевме. Добро излегов од седмата кривина, бев задоволен што ја искористив заветрината, така можев да одам лево, а потоа од внатрешната страна да ја намалам разликата. За среќа не успеа да ми ја „затвори вратата“, но за жал ја задржа агресивноста и се удривме.“

Луис Хамилтон во Силверстон ја забележа 99.победа во кариерата.

Scroll to Top