Top Sport

Марк Маркез доби шанса да вози Ф1 болид (видео+галерија)

Четирикратниот Мото ГП шампион, Марк Маркез првпат во кариерата возеше Формула 1 болид на патеката „Ред бул ринг“ во Австрија.

Фабричкиот возач на Хонда комплетираше 43 круга зад воланот на Торо росо СТР7 болидот на посебен тест како дел од промоцијата на Ф1 и Мото ГП трките на патеката во Шпилберг, по што во текот на попладнето неговиот колега, Дани Педроза, кој заминува по 17 години во тимот, го презеде болидот.

На тестот присуствуваше советникот на Ред бул, Хелмут Марко, сопственикот на гигантот Дитрих Матешиц, шефот на Хонда моторспорт, Масаши Јамамото, како и не-извршниот директор на Мерцедес, Австриецот Ники Лауда. Совети за возењето Маркез доби од поранешниот Ф1 возач, Марк Вебер.

Иако времињата не беа објавени, „Аутоспорт“ објави дека најдобриот круг на Маркез беше за 10 секунди поспор од пол-позицијата на Валтери Ботас на минатогодишната трка, меѓутоа треба да се земе во предвид дека Шпанецот возеше болид од 2012 со гуми за „демонстрација“ на Пирели, без ДРС-систем и без КЕРС систем.

„Денеска имам голема насмевка на лицето. Искуството беше прекрасно. Беше неверојатно да се вози Формула 1 болид бидејќи ова ми е првпат да возам тркачки автомобил на патека. Возев Формула 3 болид, но само два круга во Мотеги. Бев многу нервозен и не можев да спијам, но на крајот уживав“, вели Маркез.

Вебер вели дека била „чест“ да му помогне на Маркез, кој бил импресивен во брзото учење на техниката.

„Беше импресивен бидејќи иако е на врвот на две тркала, многу е тешко да направиш трансфер во Ф1 болид. Тука има многу голема надолна сила, многу поинакви сили во кривините. Беше супер-импресивен“, вели Вебер.

Marc Marquez during the MotoGP takes on F1 in Spielberg, Austria on June 5, 2018
Marc Marquez during the MotoGP takes on F1 in Spielberg, Austria on June 5, 2018
Marc Marquez during the MotoGP takes on F1 in Spielberg, Austria on June 5, 2018
Marc Marquez during the MotoGP takes on F1 in Spielberg, Austria on June 5, 2018
Marc Marquez and Niki Lauda during the MotoGP takes on F1 in Spielberg, Austria on June 5, 2018
Scroll to Top