Top Sport

Марк Маркез на четврта операција на раката

Шесткратниот Мото ГП шампион, Марк Маркез во петокот ја комплетираше четвртата голема операција на својата, рака, потврдија од шампионатот и од неговиот тим, Репсол Хонда

Маркез бил на операција во Мајо клиниката во Рочестер, Минесота, САД, а хирурзите сметаат дека таа била успешна. Маркез ја скрши долгата коска од рамото до лактот при пад на Шпанското ГП во 2020, а откако се обиде предвреме да се врати на мотоциклот, имаше нов пад и беше на уште дополнителни две операции.

29-годишниот Маркез освои неверојатни шест светски титули од 2013 до 2019 година.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');