Top Sport

Марк Маркез со победа ја отвори сезоната во Мото ГП

Победник на првата трка од новата сезона во Мото ГП, Големата награда на Тајланд, е возачот на Дукати, Марк Маркез.

Маркез победи пред својот брат Алекс, возач на гресини Дукати и тимскиот колега Франческо Бањаја. Редоследот беше идентичен редослед и на вчерашниот спринт.

Марк Маркез славеше, за прв пат како возач на Дукати, тој по 11 години победи на трвата трка во сезоната, а првпат по шест сезони е водечки во светскиот шампионат.

На самиот старт имаше помал контакт помеѓу Франческо Бањаја и Алекс Маркез. Помладиот од браќата Маркез падна на четвртото место, но пред крајот на првиот круг ги престигна и Аи Огура и Франческа Багнаја и се врати на второто место.

Марк направи грешка во седмиот круг, кога му го препушти првото место на братот Алекс. Поредокот остана непроменет се до три круга до крајот кога Макрк се врати на лидерското место.

Франко Морбидели 9ВР46) ја заврши трката на четвртото место, пред дебитантот Аи Огура 9Априлија), кој исто така остави одличен впечаток во текот на целиот викенд во Тајланд.

Најдобрите десет ги комплетираа Марко Бецеки, Жоан Зарко, Бред Биндер, Енеа Бастианини и Фабио ди Џанантонио.

Сезоната продолжува со трката за ГН на Аргентина од 13-16 март.

Scroll to Top