Top Sport

Марк победи во Мизано, го стигна Мартин во генералниот пласман

Марк Маркез победи на трката за Големата награда на Сан Марино и Римини, со што го комплетираше совршениот викенд на патеката „Марко Симончели“. Актуелниот првак победи пред помладиот брат Алекс (Гресини Дукати) и возачот на КТМ, Педро Акоста.

Трката во Мизано, донесе големи возбудувања во првата половина. Марко Бецеки, ја задржа првата позиција на стартот, но по своја грешка, излета од патеката во вториот круг.

Маркез ја презеде лидерската позиција, но не успеа да се одбрани од нападите на Хорхе Мартин. Возачот на Апртилија ја презеде првата позаиција во шестиот круг. Шпанецот беше лидер шест круга, кога Марк се врати на врвот, а Априлијата на Мартин едноставно не беше доволно добра да го следи темпото на лидерот.

И не само тоа, Мартин не успеа да ги издржи нападите на Алекс Маркез, Педро Акоста и Фермин Алдегер (Гресини Дукати).

Мартин на крајот мораше да се задоволи со петтата позиција.

Во генералниот пласман, со триумфот во Мизано, Маркез се изедначи со Мартин. Двајцата Шпанци имаат по 274 поени, 33 повеќе од Бецеки.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');