Top Sport

Маркез доби дозвола да почне со интензивни тренинзи

Шесткратниот светски шампион во Мото ГП шампионатот Марк Маркез доби „зелено светло“ да започне со интензивни тренинзи, соопшти неговиот тим Репсол Хонда.

Маркез ја скрши десната рака на трката за Големата награда на Шпанија во 2020 година, а потоа имаше четири операции, последен пат на почетокот на јуни во САД.

29-годишниот Шпанец „помина уште еден лекарски преглед и доби одобрение да ги интензивира тренинзите, да започне со потешки тренинзи и да внесе поразновидни вежби во својата рутина“.

Дополнително, договорено е тој да почне да тренира на мотор за да се процени состојбата на раката, соопштија од Репсол Хонда.

Scroll to Top