Top Sport

Маркез и Оливеира со опасен судир во Портимао

Стартот на новата Мото ГП сезона во Португалија не помина најдобро, откако повеќекратниот светски шампион Марк Маркез имаше опасен судир со домашниот фаворит Мигуел Оливеира во вториот круг на трката во Портимао.

Маркез, кој стартуваше од пол-позицијата, го загуби првото место и во обид да се го помине Хорхе Мартин на третото место, задоцни со сопирањето и удри директно во Оливеира. Медицинските екипи веднаш излегоа на патеката, но за среќа Оливеира беше свесен и најверојатно помина без посериозна повреда.

Scroll to Top