Top Sport

Барса се надева дека ќе им биде признаена титулата од 1937 година

Барселона се надева дека Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) ќе им ја признае титулата од 1937 година, откако на Леванте им беше признаен трофејот од Купот Слободна Шпанија од истата година.

Шпанската лига, Примера дивизион не се оддржуваше од 1936 до 1939 година поради Граѓанската војна во Шпанија, но Барселона играше во таканаречената Медитеранска лига, каде што ја освои титулата. Според „ЕСПН“, Барселона во саботата поднела барање до РФЕФ за признавање на трофејот.

Барса и во 2009 година го побара признавањето на титулата, но тоа беше отфрлено од РФЕФ, но по одлуката за Леванте, надежите се дека ова ќе се смени. Ако се одобри барањето на Барселона, тие ќе имаат 27 лигашки титули, со што ќе бидат на само осум зад Реал Мадрид.

Scroll to Top