Top Sport

Маркез: Ја избрав „најлошата“ кривина за првото излетување по камбекот

Шесткратниот Мото ГП шампион, Марк Маркез признава дека ја „избрал“ најлошата можна кривина за првото излетување од мотоциклот по враќањето по девет месеци во аут.

Шесткратниот светски шампион вчера излета на третиот тренинг пред Шпанското ГП во Херез, на истата патека каде што минатиот јули имаше спектакуларно излетување и пропушти цела сезона поради повреда на рамото.

„Бев брз и тежок на таа седма кривина. Знаев дека ќе имам излетување оваа сезона, но можеби ја избрав најлошата кривина за тоа“, изјави Шпанецот, кој по медицинските тестови доби зелено светло да стартува денеска од 14.00 часот.

Маркез по падот минатата година мораше да оди на четири операции, пред да се врати во Мото ГП минатиот месец на Португалското ГП со седмо место.

Излетувањето од вчера

Излетувањето од лани

Scroll to Top