Top Sport

Маркез ја одбрани титулата во кралската класа

Возачот на Репсол Хонда Марк Маркез ја одбрани титулата во најатрактивната класа во Мото ГП шампионатот. На последната трка во Валенсија, победи Дани Педроса пред Јоан Зарко и старо-новиот шампион Маркез. Големата награда на Валенсија не ја заврши единствениот кој можеше да му ја оспори титулата на Маркез, возачот на Дукати Андреа Довициозо.

Трката во Валенсија вистинските возбудувања ги понуду во последните седум круга, кога Маркез кој во тој момент се наоѓаше на второто место зад Зарко, излета од патеката, но на волшебен начин успеа да се врати во трката на петтото место зад двоецот на Дукати Лоренци-Довициозо.

Но два круга подоцна двоецот на Дукати ја заврши трката, најпрвин излета Лоренцо, а веднаш по него и Довициозо.

Последното возбудување се случи на влезот во последниот круг, кога Педроса успеа излезе пред Зарко и да слави победа на последната трка во сезоната.

Маркез на патеката „Рокардо Тормо“ ја освои четвртата шампионската титула во кралската класа, вкупно шеста во кариерата сметајќи ги и двете титули освоени во пониските класи.

Во кралската класа Маркес победи во 2013, 2014, 2016 и 2017 година. Шпанецот има титула во класата до 125 кубици во 2010, а во 2012 ја освои титулата во Мото 2.

Од актуелните возачи единствено Валентино Роси има повеќе титули од младиот Шпанец.

Scroll to Top