Top Sport

Боатенг не си го сака името: Во болницата згрешија, требаше да се викам Келвин-Принс

Кевин-Принс Боатенг на новинарите им открил дека не се го сака името бидејќи требало да се вика Келвин-Принс, но во болницата погрешно го запишале името во неговиот извод на родени. Контроверзниот фудбалер, кој сезонава игра во Ајнтрахт Франкфурт е роден во Берлин, играл за сите младински категории на Германија, но во сениорската конкуренција се реши да го облече дресот на татковината на својот татко, Гана.

„Не ми се допаѓа моето прво име. Требаше да се викам Келвин, тоа ќе беше подобро. Никој не знае како се случила грешката во документите. Во болницата лошо напишале, а мојата мајка по породувањето имаше операција и не можеше да ја исправи грешката“, изјавил за телевзијата „ХИТ“ од Гана, Боатенг.

Овој 30-годишен фудбалер, летото од Лас Палмас се врати во Германија, а во кариерата играл за Тотенхем, Борусија Дортмунд, Портсмут, Милан и Шалке 04.

Неговиот брат Џером Боатенг е стандарден првотимец на Баерн Минхен и е репрезентативец на Германија.

Scroll to Top