Марк Маркез доби дозвола од лекарите да вози на трката за Големата награда на САД во Остин.
Осумкратниот светски првак, се повреди во текот на загревачкиот круг пред трката за Големата награда на Индонезија. Од ударот, тој повторно имаше проблеми со видот. Ово здравствен проблем, Маркез го имаше и минатата година.
Остин е една од омилените дестинации на Маркез, кога се тркал на оваа патека не победил само еднаш, во 2019 година. И тогаш имаше убедлива предност но не успеа да ја заврши трката.
Трката за Големата награда на САД ќе се вози на 10.април.