Top Sport

Маркез: Лоренцо е вистински шампион, Роси: Штета за спортот

Светскиот шампион во Мото ГП, Марк Маркез смета дека одлуката на неговиот колега од Хонда, Хорхе Лоренцо да се повлече од спортот покажува дека тој е „вистински шампион“.

Додека Маркез доминантно ја запечати својата шеста Мото ГП титула во кариерата, Лоренцо не успеа да се снајде со РЦ213В мотоциклот и имаше катастрофална сезона одбележана со падови и повреди. Трикратниот шампион Лоренцо, откако го скрши грбот при падот на Асен, конечно потврди дека викендов во Валенсија ја вози последната трка.

„Секако, тоа беше изненадување и за неговиот колега. Никој во тимот не знаеше, посебно бидејќи тој работеше посветено од првиот до последниот ден. Му честитав за неговата кариера, а посебно за начинот на кој ја донесе одлуката. Тоа значи многу. Тој е вистински шампион – кога почувствува дека не може да биде на врвот реши да сопре. Силен карактер на и надвор од патеката и вистински шампион“, изјави Маркез.

Валентино Роси помина седум години како колега на Лоренц во Јамаха, и имаа луто ривалство, по кое Роси нареди кревање на „ѕид“ меѓу гаражите на двајцата возачи во 2008.

„Тој е еден од најважните Мото ГП возачи во модерната ера. Губиме голем дел од нашиот спорт. Тој е голем шампион и ме импресионираше со неговата брзина и концентрација. Од моментот кога дојде во Мото ГП во 2008 тој беше постојано силен. За мене лично, тој е еден од моите најголеми ривали и штета што губиме таков човек“, изјави Роси.

Scroll to Top