Хорхе Лоренцо посочи дека Марк Марк Маркез му ја уништил трката за Големата награда на Арагон. Лоренцо излета во првиот круг, додека Марез победи и уште повеќе се доближи до новата шампионска титула.
Лоренцо, трката ја започна од пол-позицијата, а истата ја заврши во првиот свиок. При падот тој го повредил и зглобот.
„Можеби на снимката се гледа дека пребрзо влегов во свиокот, дека премногу се навалив и дека поради тоа испаднав. Јас сметам дека влегов во свиокот во нормална линија, како што тоа го правам седум години наназад во Арагон. Кога влегов во свиокот го видов Марк како влегува агресивно и нема намера да отстапи. Одеше директно во мене. Марк ми ја уништи трката, ми го уништи стапалото, ми ја уништи можноста да победам во трката и ми ја уништи наредната трка во Тајланд. Не сакаше да ме шушти да влезам во свиокот бидејќи тоа не го интересираше. Тој само сакаше да мине низ свиокот, доцна кочеше. Не размислуваше како ќе излезе, туку само како да влезе во тој свиок. Не размислуваше која е мојата линија“, рекол лутиот Лоренцо.
По инцидентот, Лоренцот бил префрлен в болница, каде лекарите утврдила дека му е дислоциран палецот и дека има фрактура на втората метатарзална коска во стапалото.
Хорхе Лоренцо од наредната сезона ќе биде тимски колега со Марк Маркез во „Репсол Хонда“.