Top Sport

Мареј: Уште Шенжен и Пекинг, а потоа одам на одмор

Британскиот тенисер Енди Мареј ќе настапи на турнирите во Шенжен и Пекинг, а потоа ќе замине на одмор. Мареј на ваков чекор се решил за да има подолго време за подготовки за првиот гренд-слем во 2019 година, Австралија опен.

По турнирите во Шенжен и Пекинг, на програмата се уште мастерс турнирите во Шангај и Париз.

Мареј, во јануари имаше операција на колкот. На терените се врати во јуни, до досега има одиграно само девет меча. Поради повредата доживеа голем пад на ТАП листата, од денес тој се наоѓа на 308.позиција.

Турнирот во Шенжен се игра од 24. до 30.септември, а една недела подоцна ќе започне турнирот во Пекинг.

Scroll to Top