Top Sport

Маркез мора на нова операција?

Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез, ќе мора и трет пат да ја оперира повредената рака, тврди порталот „The Race“. Според овој извор, поради ова дополнително ќе биде одложено неговото враќање на патеките.

Марк Маркез се повреди на првата трка во сезоната, на патеката во Херез. Ден по трката имаше операција на надлактицата. Неколку дена подоцна тој се обиде да се врати. Повредата сепак беше посилна и тој се повлече од втортата трка, по само еден тренинг.

Состојбата му се влоши, поради што тој мораше да биде опериран уште еднаш.

Поради тоа Маркез ја пропушти целата сезона. Пред неколку дена објави дека ќе се врати во 2021 година. Прашање е само дали Маркез ќе вози наредната сезона од нејзиниот почеток.

Наводно, коската во надлактицата била во лоша состојба по двете операции, поради што ќе треба да му се изврши трансплантација на коска.

„Двете операции ја забавија формацијата на повредениот дел на коската. Доколку тој дел не зарасне како што треба, возачот би можел да трпи боли додека до движи лактот. Неопходно е да се изврши трансплантација на коска од карличниот дел“, изјавил неименуван доктор за порталот.

Scroll to Top