Марк Маркез својот 200. Мото ГП старт го прослави со убедлива победа од пол-позицијата пред домашната публика на Арагонија ГП трката, покажувајќи уште еднаш дека е недопорливиот „доминатор“ во шампионатот.
Маркез сега има 300 поени, дури 98 пред својот најголем ривал, Андреа Довициозо во Дукати, кој го освои второто место на патеката во близината на Алканиз. Австралиецот Џек Милер беше трет за Прамак Дукати, а во топ 10 беа Маверик Вињалес (Јамаха), Фабио Квартараро (Јамаха), Кал Крачлоу (Хонда), Алекс Еспархаро (Априлија), Валентино Роси (Јамаха), Алекс Ринс (Сузуки) и Такаки Накагами (Хонда).
Со оваа победа, Маркез може да стигне до својата четврта последователна Мото ГП титула на четири трки пред крајот ако победи на следната трка во Тајланд на 6 октомври без разлика на тоа каде ќе заврши конкуренцијата.
MotorLand belongs to @marcmarquez93 once again! ?
The @HRC_MotoGP rider takes a dominant win with @AndreaDovizioso and @jackmilleraus joining him on the rostrum! ???#AragonGP ?? pic.twitter.com/qSWlVlUmpK
— MotoGP™ ?? (@MotoGP) September 22, 2019
? @marcmarquez93 will face his first championship point in Thailand!
With a 98 point lead over @AndreaDovizioso, victory at Buriram will secure the 2019 crown! ?#AragonGP ?? pic.twitter.com/y1FZvuqVx0
— MotoGP™ ?? (@MotoGP) September 22, 2019