Актуелниот шампион на Хонда, Марк Маркез ќе стартува од пол-позицијата на Холандското ТТ во Асен, првпат во неговата кариера по тесните квалификации на патеката позната како „катедрала на брзината“ каде што топ 10 возачите беа раздвоени во само 0.376 секунди.
Маркез беше за неверојатни 0.063 секунди пред Кал Крачлоу (ЛЦР Хонда), додека возачот кој има дури 10 победи во Холандија, Валентино Роси со својата Јамаха го комплетира првиот ред.
Во последните 30-тина секунди од квалификациската сесија имаше огромен број на промени во топ 10, и на почетокот се веруваше дека Хорхе Лоренцо во Дукати и Андреа Јаноне во Сузуки имаат најдобра шанса да бидат во топ 5, за на крајот во вториот ред да бидат Андреа Довициозо (Дукати), Алекс Ринс (Сузуки) и Маверик Вињалес (Јамаха). Неверојатно, но Довициозо е во вториот ред иако имаше само 0.079 секунди послабо време од Маркез.
„Првпат ќе стартувам на пол-позицијата оваа година, бидејќи во Остин бев на пол-позицијата, но поради казна бев на четвртото место. Првата цел утре ќе биде подиум, но искрено се надевам на борба за победата“, вели Маркез.
Imágenes del QP! Pole position. ?
QP moments. Pole position!#DutchGP@MotoGP pic.twitter.com/hSMBzmjtQF— Marc Márquez (@marcmarquez93) June 30, 2018
WHAT A FINALE! ⏱
Here are the times from a blistering #MotoGP qualifying in Assen! Just 0.376 separate the top 10!#DutchGP pic.twitter.com/7F24Y65xk9
— MotoGP™??? (@MotoGP) June 30, 2018