Актуелниот шампион и лидер во генералниот пласман во „кралската класа“, во Мото ГП шампионатот, Марк Маркез, ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Холандија, кој се вози на легендарната патека во Асен.
Шпанецот на својата Репсол Хонда го извозе најбрзиот круг со време 1:32.791 минути. Трката од првиот стртен ред ќе ја започнат Кал Крачлоу на ЛЦР Хонда и легендарниот Валентино Роси на Јамаха.
Крачлоу од Маркез имаше послабо време за само 41 илјадити дел од секундата, а Роси беше послаб за 59 илјадити делови од секундата.
Асен е патека на која Роси се чувствува како дома, бидејќи има три победи на оваа стаза во последните пет години. Ова најавува возбудлива трка.
Вториот ред го формираа Андреа Довициозо на Дукати, Алекс Ринс на Сузуки и Маверик Вињалес на Јамаха.
Трката во Асен се вози в недела од 14 часот.