Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез, од пол-позицијата, ќе ја започне трката за Големата награда на Германија.
На патеката Захсенринг, актуелниот светски шампион, ја забележа деветтат пол-позивија по ред. Во исто време, со најбрзиот круг 1:20.270 минути, Маркез шестти пат во низа ја освои пол-позицијата на патеката во Саксонија.
Маркез, во завршницата, за само 25 илјадити делови од секундата, успеа да го престигне времето на Данило Петручи. Возачот на Дукати, утре ќе стартува од втората позиција, а првиот ред го комплетираше колегата на Петручи, Хорхе Лоренцо.
#MotoGP Qualifying ?
WHAT A FINALE! @marcmarquez93 leaves it till the very last to keep his pole streak going at the Sachsenring! ??@Petrux9 and @lorenzo99 round out the front row!#GermanGP pic.twitter.com/njXLiXRmEz
— MotoGP™??? (@MotoGP) July 14, 2018
Од вториот ред ќе стартуваат Маверик Вињалес, Андреа Довициозо и Валентино Роси, а потанатму следуваат Кал Крачлоу, Андреа Јаноне, Алваро Баутиста и Дани Педроса.
Лидер во генералниот пласман е Маркез, а зад него се Роси, Вињалес и Зарко.