Top Sport

Жоргињо го извиси Сити, потпиша за Челси

Бразилецот Жоргињо од денес и официјално е нов фудбалер на Челси. Жоргињо, кој од почетокот на преодниот рок се поврзуваше со трансфер во Манчестер сити, реши да му се приклучи во Челси на својот тренер од Наполи, Маурицио Сари.

Жоргињо, со Челси, потпишал пет годишен договор, а во новата екипа ќе го носи дресот со брјот 5.

Официјална информација за сумата, која Челси ја платил за овој играч, не е објавена, но се шпекулира дека „сините“ платиле 50 милиони фунти.

Scroll to Top