Top Sport

Маркез не би сменил ништо во контроверзната трка во Аргентина

Светскиот шампион Марк Маркез вели дека „не би направил ништо различно“ кога би можел да го повтори Аргентинското ГП од минатиот викенд кога се судри со Валентино Роси предизвикувајќи нови „искри“ во Мото ГП шампионатот.

Маркез беше во центарот на контроверзите на патеката „Термас де Рио Хондо“, каде што беше казнет за судирот со Роси и со Алекс Еспархаро, а исто така доби казна и за „заглавувањето“ на стартот, за на крајот да не освои поени.

Но, на гостување во Сао Пауло, Бразил, тој инсистира дека не жали за тоа што се случило бидејќи сметал дека мора да оди до максимум за да се опорави од казната на стартот.

„Не, не би направил ништо поинаку, бидејќи во тој момент се чувствував така. Морав да направам кам-бек и да дадам 100 отсто. Не би сменил апсолутно ништо“, вели Маркез.

Тој посочи дека не бил единствениот возач кој предизвикал судир во текот на трката, откако неговиот колега од фабричкиот тим на Хонда, Дани Педроза беше „собран“ од Жоан Зарко во Тех 3 Јамаха.

„На стартот, мотоциклот застана и тоа не беше моја грешка. Околу инцидентите, тие се случија и на други возачи. На Зарко и на Педроза на истата кривина, а таму немаше казна. Јас згрешив, бев казнет и тоа е тоа. Такви работи се случуваат. Мојот брат, Алекс, на пример во Мото2 трката беше истуркан од патеката. Секој возач предизвикал некој проблем во својата кариера и морал да се извинува“, вели Маркез.

Роси е бесен: Маркез намерно се удира во возачите!

Scroll to Top