Top Sport

Стоилов: Нормално, по одбрана на титулата

Пред првото полуфинале од Фајнал 4 турнирот на СЕХА-лигата помеѓу Вардар и Мешков Брест, кој утре почнува во Скопје, Стојанче Стоилов вели дека нормално дека целта е одбрана на регионалната титула.

„Се среќаваме со силен клуб воден од добар тренер, но играме пред нашите фанови, во нашата сала и сме актуелни шампиони. Затоа ќе направиме сè да ја освоиме титулата и оваа година. Кога Скопје беше домаќион на Фајнал 4 загубивме во финалето од Загреб и сега нема да дозволиме тоа да се случи“, изјави Стоилов.

Со него се согласува и тренерот Раул Гонзалес.

„Имаме среќа што можеме да играме пред нашите навивачи, но мораме да останем фокусирани од првата минута против Мешков, бидејќи тоа е клуб со одличен тренер кој знае како да ги мотивира играчите. Целта е да ја искористиме нашата одбрана на најдобар начин и да одиграме добар меч“, додаде Гонзалес.

Фото: СЕХА лига

Scroll to Top