Мото ГП легендата Марк Маркез вели дека не може да замисли да се најде во ситуацијата во која е неговиот стар ривал Валентино Роси и да остане во Мото ГП без опции за пласман на подиумот.
„Докторот“ Роси ја вози својата 26. сезона во 2021, и таа е дефинитивно најлоша во неговата кариера, бидејќи има освоено само 15 поени во првите седум трки и не е ниту блиску до подиумот со својата Петронас СРТ Јамаха. Италијанецот беше 21. на петочниот тренинг и најави дека ќе размисли за иднината.
Во своите девет години во Мото ГП, Маркез освои шест титули, само една помалку од Роси и иако оваа сезона не му оди најдобро, Шпанецот очекува да се бори за титули кога ќе се врати во форма по деветмесечната пауза поради повреда минатата сезона.
„Главната мотивација во Мото ГП е да си на подиумот и да се бориш за врвот. Кога нема да се чувствувам конкурентен, мислам дека треба да размислам за многу работи. Тоа не е случајот во моментов, бидејќи имам некои ограничувања од повредата и тоа ми дава мотивација да се вратам во форма. Затоа сум изненаден од начинот на кој Валентино ја прифаќа ситуацијата, и иако нема опции уште ужива, или барем изгледа дека ужива во тркањето. Не би можел да се замислам во таква ситуација, да останам во шампионатот без шанса за подиум“, вели Маркез.
Агостини го советува Роси: Мора да има храброст и да признае дека е доста од него