Top Sport

Тотенхем се откажале од Гатузо поради притисок од навивачите?

Тотенхем продолжуваат со потрагата за нов менаџер откако и со деветтиот кандидат, Џенаро Гатузо не успеаја да се договорат да стане наследник на Жозе Мурињо, јавуваат англиските и италијанските медиуми.

Гатузо во четвртокот си замина од Фиорентина по само 23 дена поради несогласувањата околу трансфер-политиката на клубот, откако минатата сезона работеше со Наполи. По ова, веднаш почнаа преговорите со Тотенхем преку новиот спортски директор Фабио Паратичи, но по лошата реакција на навивачите, лондонскиот клуб се откажал од договорот.

Асоцијацијата на навивачи на Тотенхем (ТХСТ) објави дека пратиле „јасна порака“ до клубот околу потенцијалното ангажирање на Гатузо.

Претходно оваа недела Тотенхем имаа вербален договор со Пауло Фонсека, поранешниот тренер на Рома и Шатхјор Доњецк, но поради даночни причини, Португалецот се откажа. По отказот за Жозе Мурињо, Тотенхем имаа контакти со Јулијан Нагелсман (заврши во Баерн), Ханси Флик (заврши во германската репрезентација), Антонио Конте, стариот тренер Маурисио Почетино, Ерик Тен Хаг од Ајакс и Брендан Роџерс од Лестер, не успевајќи да се договори со ниту еден од нив.

Scroll to Top