Top Sport

Маркез нема да се трка во Асен поради повредата на ребрата

Шесткратниот шампион, возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез нема да учествува на неделната трка во Асен за Холандското ТТ, откако медицинскиот тим потврди дека неговите повреди од Германското ГП се сериозни и треба да паузира. Маркез се тркаше на саботната спринтерска трка во Асен и ја заврши на 17. место.

„Се разбудив утрово со многу болки и по проверките, заедно со медицинскиот тим решивме да не се тркам денеска за да можам подобро да се опоравам“, изјави Маркез.

Маркез падна пет пати во текот на викендот во Германија, за во последнит пад да го скрши реброто, а потоа уште двапати падна во Асен.

Scroll to Top