Top Sport

(Видео) Топурија го „здроби“ Емет, вистински предизвикувач за Волкановски?

Грузиецот со шпански пасош, Илија Топурија беше доминантен против еден од најискусните и најцврстите фајтери во УФЦ федерацијата, Џош Емеет на УФЦ Џексонвил, за да се промовира како еден од главните предизвикувачи на Александер Волкановски во перо категорија.

Во необичен меч, првите четири рунди двајцата фајтери беа на нозе, во нешто што наликуваше на боксерски меч, и Топурија беше доминантен, за по победата да влезе во топ 5 во категоријата.

Популарниот „Ел Матадор“ сега сака меч со Волкановски, но Австралиецот со македонско потеколо, прво ќе влезе во кафезот против Јаир Родригез во меч за апсолутната титула следниот месец.

Scroll to Top