Top Sport

Маркез нема да вози во Катар

Возачот на Хонда, Марк Маркез, ќе ја пропушти првата трка во новата сезона, во Мото ГП шампионатот. Во консултација со лекарите, Маркез, решил да не вози на првата трка во Катар, која на програмата е овој викенд.

Во соопштението од Хонда се наведува дека прегледите покажале дека организмот добро реагирал на зголемениот интензитет на тренинзи, 15 недели по последната операција на коската на надлактицата, но дека се уште не е време Маркез да се појави на патеката.

Маркез, ја скрши коската на надлактицата, на стартот на минатата сезона, на трката во Херез. Шпанецот потоа беше на три операции, последната му беше извршена во декември минатата година.

Scroll to Top