Top Sport

Маркез признава дека ја заслужи казната за судирот со Оливеира

Шесткратниот светски шампион, Марк Маркез вели дека целосно се согласува со казната која ја доби од Мото ГП за судирот со Мигуел Оливеира на Португалското ГП, прифаќајќи дека тој бил виновен за страшниот инцидент.

Возачот на Хонда се удри во Априлијата на Оливеира во третиот круг во Портимао откако влезе преамбициозно во третата кривина. Иако се стравуваше дека Оливеира добил посериозна повреда, токму Маркез има фрактура на десната рака, и Шпанецот доби казна со двоен „долг круг“ на следната трка во Аргентина.

„Искрено, не сум загрижен за Аргентина. Најважно е што Мигуел е океј бидејќи направив голема грешка која можеше да има сериозни последици. Имав намера да одам на левата страна, но мотоциклот се блокираше и успеав да го избегнам Хорхе Мартин, но не и Мигуел. Се соглсувам со казната. Покрај тоа, имам повреда на раката и на коленото, но во моментов тоа не е важно“, изјави Маркез.

Scroll to Top