Top Sport

Бразилската федерација потврди дека Анчелоти е фаворит за селектор

Едналдо Родригеш, претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) потврди дека тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е прв фаворит за да ја преземе селекторската позиција.

Анчелоти подолго време е поврзуван со Бразил по заминувањето на Тите по Светското првенство во Катар, иако тоа претходно го демантираа и Реал Мадрид и самиот Анчелоти. Бразилските фудбалери Родриго и Едерсон исто така го коментираа Анчелоти, пред Родригеш сега и официјално да го потвриди интересот.

„Сите фудбалери го респектираат Анчелоти. Не само Роналдо Назарио или Винисиус Жуниор и тие кои работеле со него. Јас ја респектирам неговата искреност и работна етика. Нема потреба да се зборува за неговиот квлаитет, тој се има докажано. Мислам дека и фановите го сакаат, бидејќи каде и да одам во Бразил, ме прашуваат само за него. Да имаме верба во Бог и да видиме дали тоа може да се случи“, вели Родригеш за „Ројтерс“.

Анчелоти има договор со Реал Мадрид до летото 2024 година.

Scroll to Top