Актуелниот светски првак Марк Маркез прв пат во кариерата ќе пропушти трка во „кралската калса“ во Мото ГП шампионатот.
Маркез, во неделата, имаше тежок инцидент на првата трка во сезоната, на патеката во Херез.
Шпанецот ќе мора да ја оперира скршената рака, поради тоа ќе ја пропушти наредната трка која в недела исто така ќе се вози во Херез. Од неговиот тим Репсол Хонда не откриваат колкава пауза го очекува шесткратниот светски првак.
Репсол Хонда соопштија само дека нема да бараат замена за Маркез, на трките кои тој нема да ги вози. Ова значи дека во Херез в недела ќе имаат еден возач, тоа ќе биде помладиот од браќата Маркез, Алекс.
За трката во Херез неизвесен е и настапот на Кал Крачлоу од ЛЦР Хонда. Британецот го скрши зглобот на десната рака на тренингот пред првата трка во Херез. Исто така под знак прашалник е и настапот на Алекс Ринс од Сузуки.