Актуелниот светски шампион и лидер во генерален пласман во Мото ГП, Марк Маркез пред Сан Марино ГП трката во Мизано, патека која се смета за домашна за Валентино Роси, вели дека сака да ги надмине недоразбирањата со италијанската легенда.
Маркез и Роси имаат „непријателски“ односи по драматичниот финиш на сезоната 2015, кога Роси го обвини својот Маркез дека му помога на тогашниот колега на Роси, Хорхе Лоренцо да ја освои титулата. Ова кулминираше кога Роси во претпоследната трка намерно се удри во Маркез и доби казна за финалето во Валенсија, по што Лоренцо ја освои својата трета титулата.
Тогаш беа разменети многу остри зборови, меѓутоа во следните сезони ситуацијата се смири, пред повторно да еруптира оваа година по судирот на Аргентинското ГП. Маркез при еден обид да „спаси“ потег, го истурка Роси на тревата и тој падна. Маркез беше казнет за инцидентот, но Роси сметаше дека веќе е „премногу опасно“ да се тркаш со Шпанецот. Сега, Маркез, вели дека сака да ги надмине проблемите.
„Сакам да се смирам со него, бидејќи немам проблем со Валентино. Во Аргентина направив грешка и се обидов да се извинам, но тој не сакаше да ме послуша“, вели Маркез во интервју за италијанската „Скај спорт“ пред тркачкиот викенд.
Маркез додава дека не му пречат свирежите од армијата навивачи на Роси.
„Дали свирежите ми пречат? Не ми се допаѓаат, но не ми пречат. Исто како во фудбалот. Јас навивам за Барселона, но кога Реал Мадрид ќе победат ќе аплаудирам и ќе им честитам. Свирежите не ми се допаѓаат бидејќи ние сме на патеките со 300 км/ч, го ризикуваме животот секогаш кога ќе се качиме на мотоцикл. Ако си навивач, тогаш сакаш да видиш тркање“, додава Маркез.
? “Vorrei far pace con @ValeYellow46”
? I fischi e il rapporto con #VR46
?? nell’intervista esclusiva a @marcmarquez93
?? #SkyMisanoGP @MotoGP #SkyMotori #MotoGP #SanMarinoGPLe parole di #MM93 ➡ https://t.co/fOXclBx0Qy pic.twitter.com/yTfhOwxBbp
— Sky Sport MotoGP™ (@SkySportMotoGP) September 5, 2018